Нова бламажа на Арсенал, Баерн пукна петарда среде Лондон

Арсен Венгер е уште еден чекор поблизу до заминување од Арсенал по најновата европска бламажа на „топчиите“, овојпат пораз од 1-5 среде Лондон од Баерн Минхен. Можеби никој не очекуваше чудо, но дефинитивно никој не ни помислуваше дека „топчиите“ можат да одиграат толку катастрофално во второто полувреме, кога целосно „колабираа“ по црвениот картон на Кошиелни и примија пет гола за помалку од 40 минути.

Работите на „Емирати“ се одвиваа според очекувањата, Баерн Минхен имаше далеку поголем посед на топката, додека Арсенал се обидуваше преку брзоногите Волкот и Алексис Санчез да го загрози голот на Волкот. Таквиот пристап им вроди со плод откако Волкот во 20. минута излезе очи в очи со Нојер, па со милиметарски прецизен удар ја смести топката зад над главата на Нојер во мрежата на баварскиот гигант.

1-0 Theo Walcott Goal 07.03.2017 HD by dailyfootballkick

Роберт Левандовски промаши зицер за израмнување на 1-1, за Волкот во финишот од полувремето од слична позиција како при постигнувањето на голот, но ја затресе мрежата од надворешната страна. Жиру, кој влезе во првиот тим откако Велбек отпадна во последен момент поради болест, ја промаши идеалната шанса со која можеше да го направи поинтересно второто полувреме, но од пет метри биеше со глава над гредата.

Казната стигна во 55. минута, кога Кошиелни го собори Левандовски, а судијата покрај пенал му покажа и црвен картон на капитенот на „топчиите“. Левандовски го реализираше ударот од белата точка израмнувајќи на 1-1, ставајќи крај на ионака теоретските шанси на Арсенал за чудо на овој реванш.

1-1 Robert Lewandowski Penalty Goal 07.03.2017 HD by dailyfootballkick

Моралот кај домашните фудбалери целосно падна, следеа почетнички грешки на сопствената половина што Баерн безмилосно ги казнуваше, па баварскиот гигант за дваесетина минути постигна уште три погодоци, преку Робен, Коста и Видал (два гола).

1-2 Arjen Robben Goal 07.03.2017 HD by dailyfootballkickDouglas Costa Goal HD – Arsenal 1-3 Bayern… by Football–LiveArturo Vidal Goal HD – Arsenal 1-4 Bayern… by sharmanherArturo Vidal Goal HD – Arsenal 1-5 Bayern… by Gol-Live

Така, уште една европска сезона на Арсенал заврши со елиминација во осминафиналето, три пати во последните пет години губејќи токму од Баерн. Од друга страна, баварците само ја потврдија високата класа што го прави овој тим и сезонава да биде еден од главните фаворити за титулата во ЛШ.

Се вчитува...