Денвер Нагетс славеше против Орландо со 112-90 и го забележа петтиот едноподруго триумф во НБА лигата. Денвер водеше со 59-50 на полувремето, за да го реши победникот во третата четвртина, доаѓајќи и до 28 поени разлика (90-62).
Денвер во неколку наврати имаше 33 поени во текот на четвртата четвртина, но Орландо го ублажи поразот на крајот.
Мајкл Портер јуниор беше најефикасниот играч во победничкиот тим со 30 поени и седум скока, српскиот центар Никола Јокиќ го забележа својот 24-ти „трипл-дабл“ сезонава со 28 поени, 12 асистенции и 10 скока, притоа и не играше во четвртата четвртина.
Во тимот на Орландо подобар од останатите беше Вендел Картер јуниор со 19 поени и четири скока. Еден поен помалку постигна Паоло Банкеро, со осум украдени топки, а Франц Вагнер додаде 14 поени, со четири скока и четири асистенции.
Денвер е на третото место во Западната конференција со 33 победи и 19 порази, додека Орландо е на осмото место во Источната конференција со скор 25/28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА