Нова драма во Турција: Бешикташ ќе го бојкотира продолжението на дуелот со Фенербахче

Бешикташ ќе го бојкотира продолжението на дербито со Фенербахче, кое беше прекинато во 57.минута поради напад над тренерот Шенол Ѓунеш, а продолжи и со физичка пресметка меѓу фудбалерите на двете екипи во тунелот пред влезот во соблекувалните. Ова е одлуката на „црно-белите“ по ставот на Фудбалската федерација на Турција, дербито да продолжи од моментот на прекинот, но без присуство на публика. Се работи за реванш меч од полуфиналето на Купот на Турција.

Раководството на Бешикташ смета дека клубот треба да го добие овој меч со службен резултат 0-3, а Фенербахче дополнително да биде казнет поради слаба организација на натпреварот. Прв финалист во Купот на Турција е Акисарспор, кој во полуфиналето го елиминира Галатасарај.

Се вчитува...