Нова фудбалска трагедија – 20-годишен фудбалер почина на терен

Уште еден млад живот згасна на фудбалски терен. Трагедијата се случи пред почетокот на натпреварот меѓу австралиските нисколигаши Лермонт и Даунстаун. Еден 20-годишен фудбалер на Даунстаун побара замена од тренерот бидејчи не се чувствувал добро, а потоа се онесвестил на терен. Несреќниот фудбалер со болнички хеликоптер бил пренесен во болница, но за жал, го загубил животот.

„Дваесетгодишен фудбалер почина во болица. Со понатамошната детална анализа ќе биде утврдена причината за смртта“ – соопшти локалната полција, додека австралиските медиуми објавија дека момчето починало од инфаркт.

Се вчитува...