Нова главоболка за Зидан, Реал остана без Рамос за дербито против Севилја

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос сезонава има проблеми со повреди и поради тоа пропушти голем дел од сезоната.

Рамос се врати на теренот во мечот против Челси во среда, но не му помогна на својот клуб да избори финале во Лигата на шампиони.

„Кралевите“ објавија нови лоши вести за Рамос, кој има нови проблеми со мускулот на левата нога и ќе мора да оди на дополнителни прегледи, по што ќе биде познато колку време ќе паузира.

Тимот од Мадрид денес го игра дербито против Севилја, а на теренот нема да се појави Рамос, кој не смее да ризикува посериозна повреда.

Се вчитува...