Македонскиот интернационалец Енис Барди повторно учествуваше во голеада во шпанското првенство која и овој пат заврши со поделени бодови. Овој пат противникот на Леванте во последниот натпревар од сезоната во шпанското првенство беше Кадиз, а натпреварот заврши со 2-2.
Голеадата започна во 8. минута од мечот со голот на Марти Роџер за водство на Леванте, но пет минути подоцна Негредо го изедначи резултатот. Кадиз успеа да направи целосен пресврт до полувремето со погодокот на Акапо во 32. минута, а за ново изедначување се погрижи Мелерно во 58. минута.
Леванте се мачеше на почетокот на сезоната за потоа да фати учинок при крајот на старта и почетокот на новата година, но лошите резултати на крајот на сезоната го приморија клубот сезоната да ја заврши на 14. место на табелата со 41 освоен бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА