Нова историска ноќ за Харден: Се израмни со Џордан со по четири натпревари со плус 60 поени (ВИДЕО)

Хјустон ја прегази Атланта со 158-111 и врза две последовни победи по серијата од четри порази по ред и сега е на четвртата  позиција во Западанта конференција. Триумфот го обележа Џејмс Харден кој постигна 60 поени, со шут 16/24, осум погодени тројки, а имаше и осум асистенции. За Харден ова е четврти натпревар во кариерата со 60 или повеќе поени што го израмнува со Мајкл Џордан на третата позиција на вечната листа. Пред нив се Вилт Чембрлен со 32 натпревари со 60 плус поени и Коби Брајант со чест вакви средби во кариерата.

Покрај Харден, добра вечер имаше и Расел Вестбрук со 15 и тоа беше доволно за сигурна победа против Аталанта во чии редови Тре Јанг заврши со 37 поени. Хјустон сега има вкупен биланс од 13-6, Атланта е со 4-16 и со Голден Стејт се најслабите екипи во Лигата.

Победи на домашен терен забележаа и Филаделфија против Индијана со 119-116 и Милвоки против Шарлот со 137-96. На отворањето на вечерта, Сакраменто направи подвиг откако се врати од негатива од 17 поени, се избори за продолжение, а потоа и за победа од 100-97 над Денвер. Харисон Барнс со 30 поени го пред водеше Сакраменто до успехот, осми оваа сезона, наспроти 10-те порази и со ваков биланс тимот  е на деветтото место на Запад. Денвер има ефект од 14-4 и е втортопласиран во Конференцијата.

<p

Се вчитува...