Нова казна за Заховиќ: Отстранет од фудбалот, суспензија од шест месеци!

Нови проблеми за Златко Заховиќ. По одлуката на Марибор да го суспендира својот директор поради навредата на сметка на новинар која го згрози регионот, реагираше и Фудбалскиот сојуз на Словенија.

Дисциплинската комисија на ФСС го суспендираше Заховиќ отстранувајќи го од фудбалот, во следните шест месеци да не може да извршува никаква функција во фудбалот.

По поразот на Марибор од Кршко, спортскиот директор се појави на прес-конференција и на најтривијално прашање дали е задоволен со скромната посета на натпреварите на Марибор одговори жестоко кон новинарот на словенечка „Екипа24“.

„Чекај малку сине, колку имаше години? Неодамна имаше семејна трагедија, мислев дека од тоа ќе ти дојде малку памет, ама очигледно не ти дошло“ – се насрна Заховиќ на новинарот на „Екипа24“ на кого непосредно пред тоа му почина таткото.

Се вчитува...