Нова ’луда’ кинеска понуда: 100 милиони евра за Диего Коста од Тианјин

Шпанскиот интернационалец Диего Коста по завршувањето на оваа сезона најверојатно ќе го напушти англискиот премиерлигаш Челси. На адресата на „Стемфорд бриџ“ пристигна нова ’луда“ понуда од Кина за напаѓачот. Тианјин Кванџиан нуди 100 милиони евра за услугите на Шпанецот. Клубот на чие кормило е Фабио Канаваро нема да штеди средства за да го доведе Диего Коста во своите редови. Минатото лето Челси одолеа на понудата, но овојпат најверојатно и ќе ја прифати.

Менаџерот на „сините“, Антонио Конте, веќе ги разгледува опциите за негова замена. На местото на Диего Коста треба да дојде друг Шпанец. Алваро Мората од Реал Мадрид е желбата на Конте за напаѓачката позиција.

Се вчитува...