Нова „луда“ партија на Харден, Леброн Џејмс го реши Голден Стејт… (ВИДЕО)

Уште една неверојатна партија на Џејмс Харден за Хјустон во еден од синоќешните седум натпревари од НБА лигата. Хјустон на домашен терен славеше против ЛА Клиперс со 102-93, а Харден постигна речиси половина од поените за својот тим.

Харден мечот го заврши со 47 поени, седум асистенции и шест скока со 12 погодени шута од 26 обиди. На Клиперси не им помогна ниту Каваи Леонард кој заврши со 26 поени, 12 скока и седум асистенции.

ЛА Лејкерс во „Стејплс центарот“ лесно славеа против Голден Стејт со 120-94. До триумфот ги водеше Леброн Џејмс со 23 поени и 12 асистенции, а кај Вориорс подобар од останатите беше ДеАнџело Расел со 21 поен.

Актуелниот шампион Торонто стигна до осмата победа сезонава на гостувањето против Портланд со 106-114. Сиакам постигна 36 поени.

Најдобар скор досега во лигата има Бостон кој до деветтата едноподруго победа дојде со триумфот против Вашингтон од 140-133.

Се вчитува...