Нова магична вечер на Дончиќ: Сам го победи Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Извонредниот словенечки кошаркар Лука Дончиќ со уште една своја магија се запиша во историјата на НБА. Дончиќ синоќа сам го победи Њу Орлеанс по продолжението со 127-123, запишувајќи го 21-от „трипл-дабл“ во кариерата.

Лука повторно беше фантастичен постигнувајќи 30 поени, дополнети и со 17 скока и 10 асистенции, единствениот кошаркар за кого Пеликанс немаа решение. Кај Њу Орлеанс се издвои Инграм со 27 поени, а Зион Вилијамсон постигна 21 поен.

Во останатите мечеви, Кливленд загуби на домашен терен од Бостон со 106-112, додека Бруклин доживеа катастрофален пораз од Мемфис со 79-118. Детроит загуби од Оклахома со 107-114, Милвоки беше подобар од Индијана победувајќи со 119-100 а Мајами го совлада Орландо со 116-113. Јута на гостински терен славеше против Њујорк со 104-112, Минесота го победи Чикаго со 115-108 а Портланд беше подобар од Вашингтон победувајќи со 125-104.

Се вчитува...