Нова магија на Дончиќ, Мајами му дозволи само „76“ поени на шампионот (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го предводеше Далас до нова победа во НБА лигата, овој пат над Бруклин Нетс со 123-111. Мавс, успеаја да го скршат противникот, во последниот период кој го добија со дванаесет поени разлика (30-18). Прво име повторно беше Дончиќ кој уфрли 31 поен, надополнет со 13 скока и 7 асистенции, додека Сет Кари натпреварот го заврши со 25 поени. Кај, Бруклин најдобар поединец беше Спенсер Динвиди со 19 поени.

Кошаркарите на Мајами Хит продолжуваат со одличните партии сезонава во НБА. Следни на менито на Хит, беа актуелните шампиони Торонто Рептрос кои загубија од „друштвото на Сполстра“ со 84-76. Одличната тимска игра беше клучот во новата победа на Хит и задржување на епитетот најголемо изненадување сезонава во НБА. Бем Адебајо со 15 поени и 14 скока беше прво име кај Мајами, додека кај Торонто, Серж Ибака го заврши мечот со 19 поени и 10 скока.


Резултати НБА:

Кливленд – Шарлот 106-109, Индијана – Денвер 116-124, Мајами – Торонто 84-76, Чикаго – Јута 98-102, Минесота – Голден Стејт 99-84, Далас – Бруклин 123-111, Оклахома – Сан Антонио 109-103, Сакраменто – Мемфис 128-123, ЛА Клиперс – Детроит 126-112.

Се вчитува...