„Нова Македонија“ се раѓа (фотогалерија)

Македонската кошаркарска репрезентација со нов триумф уште еднаш ја потврди решеноста да сврти нов лист и да го остави зад себе ланскиот разочарувачки настап што ги доведе „црвено-жолтите“ на работ на амбисот. Јорданчо Давитков одлично го реализира зацртаното за стартот – создавање на победничка атмосфера пред почетокот на претквалификацискиот циклус.

Победата е уште позначајна ако се знае дека е забележана без Џордан Теодор, чие отсуство беше надополнето со фантатична борбеност во одбраната.

Простор за напредок секако има, но радуваат првите сигнали што ги праќа оваа „Нова Македонија“, далеку поведра и поперспективна од онаа ланската.

[new_royalslider id=”719″]

Се вчитува...