Нова неверојатна партија на Лука Дончиќ: Уште еден рекорд на словенечкото чудо… (ВИДЕО)

Уште една неверојатна партија на Лука Дончиќ. Словенечкото чудо руши рекорд до рекорд, не пропуштајќи да го воодушеви кошаркарскиот свет и во синоќешниот натпревар против вицешампионот Голден Стејт.

Далас тотално ги уништи оваа година очајните Вориорс со 142-94, а тоа што Лука го приреди е повеќе од неверојатно. За само 25 минути и 30 секунди во игра стигна до „трипл-дабл“ од 35 поени, 11 асистенции и 10 скока запишувајќи се повторно во историјата како играч со најмалку минути на паркетот кој стигна до „трипл-дабл“ со повеќе од 30 поени.

„Тој е посебен играч со посебна улога. Што можам повеќе да ви кажам? Ова повеќе не е никаква вест, се е тоа нормално“ – изјави по натпреварот тренерот на Далас, Рик Карлајл.

Се вчитува...