Нова „нула“ на Наполи: Без „муниција“ и против Торино

Наполи ремизираше без голови во 24. коло од Серија А, овој пат пред своите навивачи против Торино.

„Наполитанците“ и втор едноподруго натпревар не успеваат да постигнат погодок останувајќи сега со дури 13 бода минус во однос на лидерот Јувентус. Најубавата шанса на натпреварот ја имаше Инсиње во 74. минута, но не успеа да реализира и да донесе триумф за својот тим.

Се вчитува...