Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски продолжува со неверојатните партии сезонава во дресот на германскиот Потсдам.
Вечерва тој и неговите соиграчи направија големо изненадување откако успеаја да слават на гостувањето кај големиот фаворит Хановер со 26-27.
Томовски иако не го бранеше целиот меч успеа да забележи шест интервенции и да биде еден од најдобрите ракометари во својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

