Нови две победи за македонските репрезентативци во денешните досегашни квалификациски борби на Светското првенство во кикбокс кое се одржува во Абу Даби, ОАЕ.
Силвио Мировски продолжи со победите, триумфирајќи и во осминафиналната борба против Лазар Ступар од Србија, па, веќе обезбеди место во четвртфиналето на шампионатот.


Триумф запиша и Бобан Илиовски против Хрватот Сунара Раул.
Со пораз квалификациите ги заврши Лука Кипровски, кој беше поразен од Турчинот Ерен Бајрам Целеп.

Денеска се очекуваат и борбите на Климент Гроздановски во две различни дисциплини, во Лоу Кик против Павло Замјатин од Украина, и во Кик Лоу против Франц Џошуа Мат Знер од Јужноафриканската република.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

