Нова провокација од убавата Русинка – Шарапова гола во кревет (ФОТО)

Марија Шарапова добро знае како да ги окупира насловните страници дури и кога е под суспензија од тениските терени. И додека другите тенисерки се бунат за специјалните покани што Шарапова ги добива на стара слава, Русинката се подготвува за повратничкиот настап во Штутгард и во меѓувреме постојано објавува провокативни фотографии по социјалните мрежи.

По настапот на една руска телевизија по која со недели се водеше „дебата“ дали руската тенисерка во провокативната поза пред камерите носи само здолниште и ништо друго под него. Сега Шарапова повторно ја „разбуди јавноста“ со фотографијата што ја објави на Инстаграм на која таа лежи разголена во кревет.

sarapova 01

Марија Шарапова лани поради употреба на допинг, доби едногодишна суспензија од тениските настапи. Забраната за настап на поранешната светска тенисерка број еден истекува на 26 мај, но организаторите на турнирот во Штутгарт кој почнува на 24 мај, и испратија специјална покана за да може да настапи пред истекот на суспензијата. Тоа ги налути другите тенисерки кои се побунија за „специјалниот третман“ на Шарапова.

sarapova 1

Мислам дека сите гледаат што се прави. Ги извртуваат правилата за да им удоволат на некои на кои тоа им одговара. Прават што сакаат. Мислам дека секој заслужува втора шанса, но ако некој е суспендиран затоа што паднал на допинг тест, тогаш тој треба да тргне од почеток, од дното, а не да добива специјални покани. Тоа е непочитување на другите тенисерки“ – бесно реагираше Каролина Возњацки.

sarapova 03

Но, Марија Шарапова, не се вознемирува премногу со бурата што се крена околу нејзиното враќање и го користи секој момент за да го сврти вниманието на себе.

Се вчитува...