Нова ранг-листа: Пад за две места на кошаркарска Македонија

Кошаркарската репрезентација на Македонија забележа нов пад на ранг-листата на ФИБА, каде нашиот национален тим сега е рангиран на 40. место, две позиции послабо во однос на претходното рангирање.

Нашите кошаркари забележаа две победи на двете средби од претквалификациите за ЕП 2021, но слабото реноме на противниците (Словачка и Швајцарија) придонесе тоа да не влијае позитивно врз рангирањето. Напротив, следеше нов пад од две позиции, па пред Македонија на ранг-листата на ФИБА сега се наоѓаат Велика Британија и Уругвај.

Факт е дека оваа ранг-листа е полна со недоследности, па така зад нашиот национален тим се Унгарија и БиХ, две селекции кои ги играат главните квалификации за СП 2019 (Босанците дури и ја победија Русија минатиот месец).

На врвот очекувано е САД пред Шпанија, Србија и Франција, а скок во Топ 5 забележа Литванија, која на петтата позиција ја прескокна Аргентина. Европскиот првак Словенија е седморангиран во светот, пред Хрватска, Бразил и Австралија.

Се вчитува...