Нова сензација на Ролан Гарос – Елиминирана и Елина Свитолина

Нова сензација во женскиот дел од турнирот на последниот грен-слем Ролан Гарос. Третата носителка Елина Свитолина денеска беше елиминирана од Аргентинката Надја Подороска која е 131 на ВТА ранкингот.

Украинката за само час и дваесет минути загуби со 2-0, по сетови од 6-2 и 6-4. 24-годишната тенисерка досега најголем успех на грен-слем турнирите и беше второто коло, а сега е веќе во полуфиналето. Таму за противник ќе ја има подобрата од второто четвртфинале во горниот дел на ждребот во кое се среќаваат Полјачката Ига Свјонтек и Италијанката Мартина Тревисан.

Денеска на програмата се и првите два четвртфинални меча во машка конкуренција во која се среќаваат Доминик Тим – Диего Шварцман и Рафаел Надал – Јаник Синер.

Се вчитува...