Нова сензација во Мелбурн – Младата Гоф ја детронизираше Осака

Продолжува „црниот ден“ за фаворитките на Австралија опен. По елиминацијата на Серена Вилијамс, Каролине Возниацки и Медисон Кис, американската тин сензација Кори Гоф ја елиминираше шампионката од минатата година, Јапонката Наоми Осака.

Гоф до победата стигна за само еден час и седум минути игра, добивајќи ја третата носителка на турнирот со максимални 2-0 (6-3 и 6-4). Таа во осминафиналето ќе се сретне со подобрата од мечот меѓу Софија Кенин и Шуај Жанг со кој ќе се затвори денешната програма во женска конкуренција.

Кај мажите пласман во осминафиналето обезбеди Хрватот, Марин Чилиќ кој во маратонски меч во пет сета успеа да го совлада Шпанецот, Роберто Баутиста-Агут со 3-2 (6-7, 6-4, 6-0, 5-7 и 6-3).

Се вчитува...