Марк Маркез ја направи уште поинтересна трката за титулата во Мото ГП шампионатот откако во голем стил стигна до победата на денешниот спринт што се возеше во Сан Марино.
Актуелниот светски првак стартуваше од втората позиција, но на самиот старт успеа да го мине лидерот Бецеки и да се најде на чело на колоната. Бецеки до крајот се обидуваше да се врати на првото место, но Маркез извозе маестрално и заслужено стигна до триумф на оваа спринт-трка.
Бецеки на крајот мораше да се задоволи само со второто место, а на третата позиција се најде Хорхе Мартин, кој останува лидер во генералниот пласман, но со намалување на разликата во однос на ривалите.
Имено, Мартин е првопласиран со 263 освоени бода сезонава, но Маркез по денешната победа сега заостанува само 14 бода зад големиот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
