Нова трагедија: На само 43 години почина поранешниот фудбалер на Работнички, Драгољуб Јеремиќ

Нов шок за српскиот фудбал и белградски Партизан, откако на само 43-годишна возрас почина поранешниот фудбалер на црно-белите, Драгољуб Јеремиќ.

Јеремиќ, кој е роден на 9. август 1978 година, во периодот од 2006 до 2008 година настапуваше и за шампионските генерации на Работнички оставајќи силна трага во таборот на „романтичарите“ во периодот кога беше воден од Трифун Костовски. Фудбалската кариера ја почна во Партизан, а ја заврши во тимот на Бежанија.

„Секогаш кога ќе помислиме дека ќе запрат тагите, животот не демантира и ни задава нов удар. Затоа е тешко да пронајдеме зборови со кои ќе се збогуваме од уште еден голем фудбалер на Партизан и поранешен репрезентативец, Драгољуб Јеремиќ. Нека ти е вечна слава“ – се збогуваа и од Партизан на социјалните мрежи, споделувајќи ја тажната вест.

Според информациите од српските медиуми Јеремиќ последните неколку денови ги минал во болница, но не се соопштени причините за смртта.

Се вчитува...