Нова трипл-дабл вечер за Јокиќ и Дончиќ во НБА лигата (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во НБА лигата, Денвер нагетс се уште останува непоразен на стартот на новата сезона откако синоќа славеше на домашен терен против Јута џез со 110-102.

Никола Јокиќ со нов трипл-дабл учинок од 27 поени, 11 асистенции и десет скока беше најдобар во редовите на шампионот, додека кај поразените Лаури Марканен заврши со 27 поени.

До трипл-дабл учинок стигна и Лука Дончиќ во гостинската победа на неговиот Далас маверикс над Мемфис Гризлис. Словенецот мечот го заврши со 35 поени, 12 скока и исто толку асистенции. Кај Гризлис по 30 постигнаа Џексон и Бејн.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Индијана – Чикаго 105-112, Вашингтон – Бостон 107-126, Шарлот – Бруклин 121-133, Торонто – Портланд 91-99, Атланта – Минесота 127-113, Оклахома – Детроит 124-112, Њу Орлеанс – Голден Стејт 102-130, Милвоки – Мајами 122-114 и ЛА Лејкерс – Орландо 106-103.

Се вчитува...