Нова убедлива победа на Лина Ѓорческа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа стигна до втората победа во вториот круг од натпреварите на шампионатот на Источна Европа. Лина денеска беше убедлива против турската тенисерка Басак Ерајдин која е 427 на ВТА листата со 2-0, по сетови 6-0 и 6-2.

Ѓорческа вчера, беше подобра од Србинката, Доротеја Јоксовиќ со максимални 2-0, по сетови 6-0, 6-4. Претходно, во првата фаза од турнирот во Белград, најдобрата македонска тенисерка запиша три победи и еден пораз.

Се вчитува...