„Новаче хероју наш, ти си сонцето кое ги пробива црните облаци“

Новак Ѓоковиќ донираше 5 милиони динари на Нови Пазар како помош во борбата со пандемијата. Овој српски град е новото жариште на смртонисниот вирус и во моментов најкритично место во Србија. Младата српска тенисерка, Фатма Идризовиќ која по потекло е од Нови Пазар на емотивен начин му се заблагодари на Ѓоковиќ за тоа што уште еднаш покажа дека е најголемиот спортист што го дале овие простори.

„Ти благодарам светлост наша, наш Новаче! Црни облаци се надвиснаа над животите на на нашиот мал град со луѓе вредни со големо срце и голема душа. Во моментов животот на сите нас од Нови Пазар е тажен, тежок и црн. И кога потонавме кога сите надежи ги изгубивме дека на овие црнила може да им се стави крај, херојот на нашите срца уште еднаш внесе еликси на живот и ја врати верата за подобро утре, ни даде крила да се вивнеме од таа корона тага. Вечно ќе бидеш во нашите срца и молитви. Тоа што го правиш со векови ќе биде прераскажувано бидејќи ти тоа го заслужуваш“, напиша Идризовиќ. 

15-годишната Идризовиќ е голема надеж на српскиот тенис. Повеќекратна национална шампионка на Србија, а веќе е дел и од Фед куп репрезентацијата на нашиот северен сосед.

Се вчитува...