„Новак, ти имаш срце планина и голем си човек, не заслужуваш критики“

Украинската тенисерка Дајана Јастремска го поддржа Новак Ѓоковиќ по бројните критики кои ги доби поради организација на „Адриа тур“ на кој се заразија голем број од учесниците.

„Секој тенисер годинава има многу планови и цели. Сигурен сум дека секој од нас размислува кога ќе можеме да се вратиме, да нудиме радост на навивачите. Вознемирена сум околу критиките на јавноста околу „Адриа тур“. Организаторите и тенисерите се најдоа под голем притисок, а турнирот беше организиран согласно правилата во тие земји. Да ми беше дозволено истото ќе го направев во Украина. Ризикот е присутен во сите области од животот. Едноставно луѓето почнаа да се однесуваат по слободно како да заборавија на карантинот, за тоа Новак не е виновен. Како да заборавивме што се направи во времето на пандемијата за светот и колку има направено за развојот на тенисот. Тој има срце планина и голем е човек. Му посакувам брзо опоравување на него и неговот семејство“, напиша Јастремска. 

Последен позитивен тест од „Адриа тур“ е тој на тренерот на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, информација која самиот тој ја потврди денеска.

Се вчитува...