Новак Ѓоковиќ е на две победи до историја

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ следната седмица ќе учествува на турнирот во Виена. За него ова ќе биде прво учество на овој турнир по далечната 2007 година кога триумфираше во главниот австриски град.

Овој турнир ќе биде значаен за Ѓоковиќ затоа што ако забележи две победи на него ќе ја потврди првата позиција на АТП листата на крајот од оваа година и со тоа ќе се израмни со Пит Сампрас со шест години како број 1 на АТП ранкингот.

Во моментов Ѓоковиќ има 11 740 бода, а Надал е на 9850 со тоа што српскиот тенисер има можност за максимални 500 бода од Виена, ќе ги има и бодовите од ланската титула во Париз, а ќе има можност и за бодови на завршниот турнир во Лондон.

Се вчитува...