Еден од најдобрите тенисери во историјата на спортот, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Грандслем турнирот на Вимблдон, уште еднаш потврдувајќи ја својата генијалност.
Во најдолгото четвртфинале во историјата на Вимблдон и најдолгиот меч на Ѓоковиќ во неговата кариера на Вимблдон, српскиот тенисер славеше против третиот носител Феликс Оже-Алиасим во пет сета, со 6-7 (10), 6-3, 3-6, 7-6, 6-7 (4-10).
Во извонреден меч кој долго ќе се памети, Новак по 5 часа и 14 минути игра, мечот го реши по супер тај-брејкот во последниот сет кој го доби со феноменални 10-4 на поени, откако заврши 6-6 во гемови.
Сето тоа за уште едно големо полуфинале на најголемиот во историјата на тенисот!
На тој начин дојде до 15-то свое полуфинале на Вимблдон, и дуел со Јаник Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
