Новак Ѓоковиќ ќе биде селектор на Србија?

Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ би можел да биде селектор на репрезентацијата на Србија на АТП купот кој ќе се игра во Сиднеј, пренесуваат медиумите од нашиот северен сосед.

Информацијата за српските медиуми ја откри Виктор Троицки кој по завршувањето на тениската кариера го презеде местото селектор на дејвис куп репрезентацијата.

„Јас како селектор на ова натпреварување не се прашувам многу и не верувам дека и ќе одам во Австралија. Селекторот ништо не одлучува, бидејќи првиот и вториот рекет по автоматизам играат во сингл и тука нема некои промени. Единствено ако некој од нив се повреди, може некој друг да ги замени. Не можам ништо да одлучувам и затоа за сега мојот став е дека не одам во Австралија“, изјави Троицки. 

Србија на 1. јануари тргнува во поход кон одбрана на титулата, а во првата фаза се наоѓа во група со Норвешка, Чиле и Шпанија.

Се вчитува...