Новак Ѓоковиќ ќе го прослави Божиќ во имиграциски притвор со азиланти

Придобивање на политички поени или следење на строгите правила? Проценете го самите случајот „Новак Ѓоковиќ“ кој ќе биде запишан во историјата како оној на Спартак, бунтовник на слободниот свет против светската олигархија, како што вели неговиот татко.

Српскиот тениски ас не доби дозвола за влез во Австралија и покрај медицинската „пропусница“ која ја доби за настап на Австралија Опен, а по неколку часовното држење на аеродром, беше испратен во хотел каде ќе остане до понеделник додека Федералниот суд не донесе конечна одлука на апелацијата на адвокатите.

Тоа значи дека Србинот најголемиот православен празник ќе го помине во хотел со три ѕвезди каде се сместени сите азиланти од различни места на планетата. Како потсетување, Ѓоковиќ од час во час добива се поголема поддршка, истата беше проследена и пред хотелот каде се играше и традиционално српско оро, а која ќе биде кулминацијата останува да видиме.

Се вчитува...