Новак Ѓоковиќ – најдобриот спортист на Европа за 2021 година

Новак Ѓоковиќ е избран за најдобар спортист на 2021 година во 64. избор на новинарски агенции кои ги предводи Полската национална агенција. Во изборот учествуваа 26 агенции, а српскиот тенисер беше избран пред Роберт Левандовски и Макс Ферстапен.

Ѓоковиќ кој оваа година освои три гранд-слем титули победи со 172 поени и за него ова признание е четвртто во кариерата по 2011, 2015 и 2018 година.

Србинот освои 39 бода повеќе од фудбалерот на Баерн Минхен (133) и 47 повеќе во однос на возачот на Ред Бул. Во топ 10 влегоа уште норвешкиот атлетичар Карстен Вархолм, холандската атлетичарка Сифан Хасан, словенскиот велосипедист Тадеј Погачар, грчкиот кошаркар Јанис Адетокумпо, италијанскиот спринтер Марсел Џејкобс, сведскиот атлетичар Арманд Дуплантис и норидската скијачка Норвежанката Тереза Јохауг.

Се вчитува...