Новак и Јелена Ѓоковиќ излечени од коронавирус

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на Covid-19, по тестирањата што вчера биле извршени врз најдобриот светски тенисер и неговата поубава половина.

Новак и Јелена беа позитивни на коронавирусот откако беше обелоденето дека Григор Димитров е позитивен за време на турнирот „Адриа Тур“ што го организираше токму Ѓоковиќ. Србинот го потврди позитивниот тест потенцирајќи дека не чувствува никакви симптоми, во меѓувреме остана во самоизолација, за денеска да биде обелоденето дека Ѓоковиќ и сопругата се излечиле од коронавирусот.

Новак Ѓоковиќ беше жестоко критикуван поради лошата организација на „Адрија Тур“, а останува да се види кога ќе реши да се врати на терените и дали ќе учествува на УС Опен.

Се вчитува...