Новак: Навивачите сега ни се потребни најмногу… Не ни треба театар на „Филип Втори“!

Еден од централните дефанзивци на Вардар, Евгениј Новак верува дека Вардар може да стигне до пласманот во 2. квалификациско коло за Лигата на Европа но мора да добие максимална поддршка од трибините на утрешниот натпревар против ерменски Пјуник.

„Имаме негатива од првиот дуел, но сега мислам дека добро ги анализиравме сите наши грешки од првиот меч. Мора на терен да покажеме многу подобра игра, со максимален ангажман и силна желба… Но, да бидеме искрени, сега како никогаш ни се неопходни и навивачите. Потребна ни е поддршка од трибините затоа што сите знаеме дека фудбалот не се игра во театарска атмосфера. Затоа ги повикувам сите што го сакаат Вардар утре да ни дадат поддршка“ – рече Новак на денешната средба со медиумите.

Веднаш по прес-конференцијата „вардарци“ на „Филип Втори“ ќе го одработат и официјалниот тренинг. Гостите од Ереван ќе тренираат од 19 часот.

Се вчитува...