Новак се налути и напушти интервју за Би-би-си: „Па, третпат ме прашуваш едно исто…“ (ВИДЕО)

По вчерашната победа со Руне, Новак Ѓоковиќ испрати и јасна порака до навивачите кои за време на целиот натпревар неспортски се однесуваа кон него.

Денеска, пак во интервјуто за британски „Би-би-си“ прашањата беа постојано поврзувано со односот на Новак и публиката, поради што српскиот тенисер повторно не можеше да премолчи, отворено давајќи до знаење на новинарот на „Би-би-си“ дека не може трипати да одговора на едно исто прашање.

По првиот свој одговор на случувањата за време на мечот со Руне, потоа следеше уште едно идентично прашање на што Ѓоковиќ одговори:

„Благодарен сум на повеќето луѓе кои беа на трибините и кои покажаа почит. Не е лесно да се остане мирен кога цел ден гледаш тенис, не го земам здраво за готово. Публиката е една од главните причини зошто јас се уште играм тенис“.

Но, новинарот не запре на тоа, па продолжи со ново прашање дали тоа го мотивира да игра уште подобром на што Ѓоковиќ жестоко реагираше…

„Имате ли некои други прашања освен публиката? Дали сте фокусирани само на тоа? Дали имате прашања за натпреварот или нешто слично или фокусот е само на тоа? Прашавте веќе, кажав што имам да кажам“ – рече Новак, притоа очигледно предвреме станувајќи од столчето не сакајќи да чека нови прашања…, и по само 98 секунди напуштајќи го интервјуто.

Се вчитува...