Новак со солзи во очите – Навистина е жално тоа што им се случи на Коби и Џиџи (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ  се пласираше во полуфиналето на Австралија опен каде ќе го одигра јубилејниот 50. натпревар против големиот ривал Роџер Федерер. По мечот тој говореше и за големата загуба која што ја има светот, откако во неделата трагично го загуби својот живот еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант.

„Коби беше идол на сите генерации. Тој имаше големо влијание врз мојата кариера. Навистина не можам да поверувам дека тоа се случи. Жално е тоа што им се случи на Коби и неговата ќерка Џиџи“, изјави Ѓоковиќ не успевајќи да ги сопре солзите. 

Се вчитува...