Новата Барселона убедлива против Ефес на отворањето во Евролигата

Кошаркарите на Барселона го почнаа настапот во Евролигата со гостинска победа над минатогодишниот финалист, Анадолу Ефес од 64-74.

Каталонците кои што годинава составија тим за највисоки цели одиграа одличен натпревар на тешкото гостување во Истанбул. По првиот дел Каталонците со одлична игра особено во одбраната заминаа со предност од плус 11 (26-37). Третата четвртина беше единствениот период кој домаќините го одиграа на ниво добивајќи го со осум поени разлика приближувајќи се на само минус три (46-49). Сепак тоа беше се од Ефес. Каталонците уфрлија во повисока брзина добивајќи го мечот со 64-74.

Најскапиот кошаркар во историјата на Евролигата, Никола Миротиќ со 24 поени ја предводеше Барселона, додека кај Ефес најефикасен беше Алек Питерс со 16 поени.

Басконија беше сигурна нагости против Жалгирис, совладувајќи го шампионот на Литванија со 58-70. Шпанците освен во првата четвртина која заврши нерешено (19-19), немаа поголем проблем до крајот на мечот и со минимално добивање на преостанатите три четвртини стигнаа до конечна победа од 58-70.

Најефикасен во победничкиот табор беше Шилдс со 19 поени, додека кај домаќините се истакнаа Лекавичиус и Григонис со по 10 поени.

Се вчитува...