Новата кош-машина на МЗТ Скопје (ВИДЕО)

Американскиот кошаркар Хасани Гравет (24 год, 188 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје Аеродром за новата сезона, откако денеска потпиша едногодишен договор со клубот. Гравет игра на плејмејкерската позиција, а имаше одлични настапи на колеџ каде ги бранеше боите на Јужна Каролина.

Добрите игри во дресот на Јужна Каролина му донесоа потпис со Орландо Меџик, но сепак не доби шанса во НБА тимот, туку минатата сезона ја помина во развојната лига во Лејкленд Меџик.

Се вчитува...