Новата Победа пред 3.000 гледачи до свој прв триумф (ФОТО)

Новоформираниот ГФК Победа го имаше својот историски прв официјален настап, а дебито на стадионот „Гоце Делчев“ помина во знакот на вистинска фудбалска уметност. Пред одлична атмосфера на трибините, прилепчани славеа убедлива победа од 6-0 против екипата на Превалец од Велес.

На трибините имаше 3.000 навивачи кои дадоа ветер во грб за враќање на поранешниот шампион на Македонија на вистинските патеки.

Се вчитува...