Новата сезона во Ла Лига почна со изненадувачки резултат откако тимот на Севилја претрпе неочекуван пораз на гостувањето против Осасуна од 2-1. Избраниците на Хулен Лопетеги одиграа под своите можности, не ги искористија шансите што ги создадоа и на крајот претрпеа пораз, лош старт на новата натпреварувачка сезона.
Авилја ја доведе Осасуна во водство по нецели девет минути игра, но Севилја израмни експресно, откако Рафа Мир ја затресе мрежата на домаќините.
Конечните 2-1 беа поставени од пенал, откако Папу Гомез неспретно реагираше во сопствениот шеснаесетник, а Ороз биеше прецизно од белата точка за огромни три бода за домашниот состав.
Ова беше прва победа на Осасуна на дуелите со Севилја уште од 2013 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА