Новаци со победа на гостувањето кај Големо Коњари

Екипата на Новаци стигна до триумф од 1-2 на гостувањето кај Големо Коњари во последниот меч од 25. коло во Втората македонска фудбалска лига, и обезбеди важни бодови за опстанокот во Лигата. Големо Коњари, пак, остана на последното место на табелата.

Новаци стигна до предност во 6. минута, откако по една нафрлена топка со глава стрелаше Драгарски и донесе предност.

Во 56. минута на 0-2 зголеми Марчевски со гол од белата точка. Во финишот од средбата во 90.минута Митрески со гол од слободен удар само успеа да го ублажи поразот.

Се вчитува...