Македонскиот интернационалец Агим Ибраими запиша два нови погодоци во дресот на албанскиот суперлигаш Кукс, па сега има вкупно три во првенството по пет одиграни рунди.
Во 5. коло од шампионатот на Албанија, Кукс со 2-4 славеше на гостувањето против Влазнија, а стрелец на првите два гола за гостите беше Ибраими. Најпрво погоди во 14. минута, а потоа стрелеша за 0-2 и во 22. минута од пенал.
Кукс по пет одиграни натпревари е на 5. место на табелата со седум бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА