Нови два корона-случаи во Интер

Коронавирусот забрзано се шири и во таборот на Интер, откако по вчерашните позитивни тестови на Бастони и ја Шкриниар денеска се евидентирани нови два случаи во екипата на Антонио Конте.

Фудбалерите кои не се отпатувани на репрезентативни настапи беа тестирани, по што беа добиени позитивни резултати за Роберто Галјардини и за Раџа Наинголан. Весникот „Газета дело спорт“ прв ги објави имињата на новите позитивни случаи во таборот на „нероаѕурите“, играчи кои дефинитивно ќе го пропуштат градското дерби со Милан на 18 октомври бидејќи ќе им биде одредена самоизолација во времетраење од 14 дена.

Во меѓувреме, од Милан стигнуваат информации дека Ибрахимовиќ и Дуарте биле позитивни и на вчерашните тестирања во таборот на „росонерите“. Сепак, во овој клуб владее оптимизам дека во следните десет дена Ибракадабра ќе оздрави и ќе има два негативни теста, со што ќе добие зелено светло за враќање на тренинзи, за да може да настапи на пресметката со Интер.

Се вчитува...