Организацијата „FairSquare“ не се откажува од борбата против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. „FairSquare“ не се откажува од официјалната пријава што ја поднесе против Инфантино до Етичкиот комитет на ФИФА кон крајот на минатата година. Во неа се наведува дека Инфантино „сериозно ги прекршил своите должности за лојалност кон организацијата и обврската за политичка неутралност“.
„Л’екип“ наведува дека имала увид во документ доставен од британската невладина организација „FairSquare“ до Етичкиот комитет, во кој се бара сериозна истрага поради повеќекратни прекршувања на обврските и правилата од страна на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
„FairSquare“ наведе осум прекршувања само во изминатите две години. Сите тие се поврзани со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Се истакнува дека Инфантино во неколку наврати ја прекршил обврската за политичка неутралност. „FairSquare“ исто така поднесе барање за покренување истрага до Меѓународниот олимписки комитет, кој го отфрли барањето во јули.
Организацијата не се откажува од пријавата поднесена до Етичкиот комитет на ФИФА. Пред неколку дена, ова тело го отфрли барањето на Фудбалскиот сојуз на Норвешка, кој побара информации за напредокот на истрагата по пријавата против Инфантино, а во врска со доделувањето на Мировната награда на ФИФА на Доналд Трамп.
Претседавачот на истражниот оддел на Етичкиот комитет, Мартин Нгога од Руанда, одби да даде информации за истрагата и за случајот воопшто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
