Нови главоболки за Анчелоти: Алаба дефинитивно го пропушта реваншот со Манчестер Сити

Давид Алаба дефинитивно нема да биде подготвен за реванш полуфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Австриецот е повреден и речиси е невозможно да биде подготвен до среда навечер, тврдат шпанските медиуми.

Ова е голем удар за Карло Анчелоти, со оглед дека ќе мора да биде заменет со Начо Фернандез, кој не блеска во последно време.

Единствената добра вест е што се враќа дефанзивниот играч за врска Кашемиро, кој го пропушти првиот меч, а викендов се врати против Еспањол и ќе биде во составот и против Манчестер Сити.

Тимот на Пеп Гвардиола има предност од 4-3 по првиот дуел на „Итихад“, така што реваншот е сосема отворен на резултатски план во битката за пласман во финалето.

Се вчитува...