Нови главоболки за Рангник пред дуелот со Атлетико: Бруно Фернандеш позитивен на Ковид-19

Манчестер Јунајтед би можел да остане без „моторот“ на тимот, португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш за реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Тој добил позитивен тест на Ковид-19.

На Островот веќе не е задолжително да се замине во изолација после позитивен тест на коронавирус, а во Манчестер Јунајтед сепак се надеваат дека ќе се случи „пресврт“ како што тоа беше и со Давид де Хеа пред Тотенхем.

Бруно Фернандеш не настапи и против Тотенхем, а тогаш работата ја заврши неговиот сонародник Кристијано Роналдо кој постигна хет – трик. Лук Шо и Скот Мектоминај исто така го пропуштија дуелот во саботата, но Ралф Рангник потврди дека се во неговите планови за настап против Атлетико Мадрид.

„Ќе го чекаме Бруно до последен момент. Тој има позитивен тест за Ковид-19 и мора да бидеме внимателни“, изјави Рангник.

Манчестер Јунајтед утревечер на „Олд Трафорд“ ќе го пречека Атлетико Мадрид во реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...