Нови милиони за Динамо Загреб: Бруно Петковиќ оди кај Барди во Трабзонспор!

Нови милиони евра на контото на Динамо Загреб откако и дефинитивно е договорен трансферот на напаѓачот Бруно Петковиќ .

Како што пренесува турски ТРТ, веќе и дефинитивно е договорена висината на отштетата која Трабзон ќе ја исплати на Динамо Загреб, а договорените се и условите со фудбалерот.

Петковиќ се приклучува на тимот на Енис Барди, на инсистирање на тренерот Ненад Бјелица со кого соработуваа во Динамо. „Модрите“ најпрво бараа 4 милиони евра за трансферот на Петковиќ, но на крај постигнат е договор за 3 милиони евра да се пресели во Турција.

Петковиќ во минатото настапуваше и за италијанските Катанија, Верона и Болоња, а минатата сезона за Динамо Загреб одигра 42 официјални натпревари, постигнувајќи 14 гола со 9 асистенции. За Хрватска има 38 настапи со осум постигнати погодоци.

Се вчитува...