Нови немили сцени од Хрватска – Крвава тепачка пред мечот меѓу Горица и Хајдук (ВИДЕО)

Продолжуваат проблемите со навивачките групи во Хрватска. Денеска пред мечот меѓу Горица и Хајдук во 22. коло од домашниот шампионат, се случи нов голем инцидент меѓу навивачите на двата тима.

Во хаосот учествувале 30 лица, а има и повредени. Навивачите го сопреле сообраќајот и решиле да се пресметаат со факели меѓусебно. Засега полицијата нема издадено соопштение за инцидентот.

Во моментов се игра мечот и Хајдук има предност од 0-3.

 

Се вчитува...