Нови проблем за Поповиќ – Уште една „ѕвезда“ го откажа настапот на СП во Кина

Крилниот центар на Њујорк никс Џулиус Рендл го извести селекторот на американската кошаркарска репрезентација Грег Поповиќ дека нема да биде дел од тимот на претстојното Светско првенство во Кина. Тој е уште еден од низата на кошаркари кои го откажаа учеството.

Тој нема да биде дел од тимот на САД поради семејни причини кои засега се уште не се откриени. По отказот на Рендл Поповиќ во моментов може да смета на 14 кошаркари.

 

Се вчитува...