Нови проблеми за Барса: Крај на годината за Дани Олмо

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо (27), кој во последните две кола блескаше, најверојатно ќе паузира најмалку до јануари 2026 година поради повреда на левото рамо.

Плејмејкерот на Барселона се повреди во 65. минута на вчерашниот триумф против Атлетико Мадрид (3-1) откако го постигна вториот гол за својот тим. По ударот со десната нога, Олмо лошо падна на теренот и веднаш го измести рамото. Тој го напушти теренот со силни болки, а веднаш му беше ставен мраз на повреденото рамо.

Според првичните информации од клубот, станува збор за дислокација на рамото – повреда која Олмо ја имаше и во 2023 година додека настапуваше за РБ Лајпциг и тогаш мораше да оди на операција. Деталните магнетни резонанци ќе покажат дали повторно ќе биде потребна хируршка интервенција.

Извори од „Камп ноу“ за шпанските медиуми тврдат дека „ситуацијата не изгледа добро“ и дека Олмо сигурно ќе биде отсутен до крајот на 2025 година.

Се вчитува...